Натпреварот од холандската прва лига помеѓу Нец Најмеген и Витесе заврши со победа на гостите од 0:1.

Меѓутоа невообичаена сцена беше по завршувањето на мечот кога гостинските фудбалери отпоздравуваа кон своите навивачи а лесно можеше да се случи катастрофа. Напукна трибината и буквално се скрши од скокањето на навивачите. За среќа нема повредени.