Повремениот македонски репрезентативец Никола Костески со 11 голови од 11 обиди во Купот на Австрија донесе победа за својот тим Холабрун над СГ Хендбал Вествиен со 43-16.
Костески со своите 11 погодоци беше најефикасен на денешниот натпревар и беше прв стрелец во тимот пред Шоп со 8 погодоци.