Овој напис е инспириран од неверојатната серија на Италија од 27 натпревари без пораз пред да настапи на последното Европско Првенство.
Секако серијата продолжи и на Европското Првенство и на крај Италијаните се радуваа на најсјајното одличје. Серијата беше прекината токму од Шпанија против која Италија победи за европската титула.
Сега нешто слично се случува во Јужна Америка. Репрезентацијата на Аргентина има серија без пораз која трае 28 натпревари а пред нив е Светското првенство во Катар кое треба да се одржи во декември.
Имено Аргентинците последниот пораз го доживеаја трети јули 2019 година кога доживеаја пораз од Бразил во полуфиналето од Копа Америка. Од тогаш не знаат за пораз.
Дали Меси и компанија ќе го повторат најголемиот успех на Аргентина од 1978 и 1986 година кога освоија титула светски шампион, останува да видиме.