Шпанските ракометари ја совладаа Данска со 29:25 (13:14) и се пласираа во финалето на Европското првенство во Будимпешта.
Данска, која беше обвинета од Шпанија дека намерно го избрала тој ривал, остана без злато иако беше најзвучна репрезентација на турнирот.
По поразот од Франција, во мечот во кој одмараа главните ѕвезди бранителот на титулата им нанесе шок и тргна да се бори за златото, а првиот фаворит на турнирот ќе мора да се бори за бронзата.
Второто полуфинале е на програмата од 20:45 часот, меѓу Франција и Шведска.
Шпанците одлично тактички го подготвија мечот, односно селекторот Валери Рибера, па целосно го отсече Матијас Гидсел, играч кој до овој меч имаше само едно промашување, а денес дури три.
Во првото полувреме Данска имаше и четири разлика предност, но на одмор се замина со само плус еден, а потоа Шпанците беа супериорни во продолжението.
Данска беше непрепознатлива во нападот, голманот Гонзало Перез де Варгас бранеше феноменално со 14 одбрани, а на крилните позиции блескаше Абељо Гомеш со 11 голови.
Со седум го следеше Жоан Канељас, а по три постигнаа Адриан Фигуерас и Марсело Касадо.
Микел Хансен, пак, имаше осум, Ландин Јакобсен четири, а Гидсел и Саугструп по три.