Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е познат како многу способен бизнисмен, но неговиот последен потег ќе ги помести сите граници во светот на фудбалот.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Перез се договорил за соработка со компанијата „Легендс“ од САД, која организира спортски настани на период од дури 25 години.
Договорот вреди неверојатни 10 МИЛИЈАРДИ евра или 400 милиони евра секоја година, колку што компанијата платила за да може да одржува различни спортски настани на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во следните 25 години.
„Легендс“ има 20 отсто од акциите на НБА тимот Сан Антонио Спарс, а има деловна соработка со бејзбол тимот Њујорк Јенкис и НФЛ тимот Далас Каубојс, па наскоро европската публика ќе може да ги следи во живо овие , но и други Американски тимови од различни спортови.
Покрај спортот, компанијата организира и музички настани, концерти и конференции, а својот удел ќе го користи и во бизнисот со ресторани и продавници во рамките на стадионот.
Со овие четиристотини милиони евра годишно на име кирија, не сметајќи ги приходите од натпревари, Реал многу брзо ќе го отплаќа заемот за реновирање на стадионот од една милијарда евра за кој рокот е 30 години.