Италија нема да игра на Светското првенство во Катар. Синоќа доживеа шокантна елиминација од Македонија (0-1) во Палермо, но Бразилецот од Челзи со италијански пасош, Жоргињо, се потсети на двата промашени пенали против Швајцарија.
„До крајот на животот ќе се сеќавам на тие промашени пенали. Тешко е да се објасни што ни се случи против Македонија. Се уште сум во шок. Игравме добро, креиравме шанси, доминиравме, ама не успеавме да постигнеме гол. Луѓето велат дека треба да ги кренеме главите и да продолжиме понатаму. Но, тешко е да се направи тоа“, изјави Жоргињо.
Тој не реализира два пенали, на двата клучни квалификациски натпревари против Швајцарија, а потоа Италијанците мораа во бараж и завршија со дебакл од Македонија.