Фудбалска Италија доживува кошмар. Нацијата која четири пати го освојуваше Светското првенство, вторпат по ред го пропушта Мундијалот. Македонија сензационално ја совлада Италија во полуфиналето од плеј-офот со гол во судиското продолжение и ја исфрли од трката за Светското првенство. Италијанците на тој начин ќе го пропуштат второто СП по ред, што досега не им се случило.
Минатото лето ситуацијата беше сосема поинаква. Италија стана европски првак, а „аѕурите“ најавија поход кон светската титула, но наместо тоа станаа четвртата репрезентација што не отиде на Мундијалот како актуелен европски првак.
Сè започна во Чехословачка. Таа селекција ја освои титулата евро во 1976 година, но не беше на Светското првенство во 1974 или 1978 година. Истото се случи и со репрезентацијата на Данска. Таа го пропушти Светското првенство во 1990 година и го освои Европскотп првенство во 1992 година, а потоа го пропушти и Светското првенство во 1994 година.
Таква судбина ја снајде Грција, која не учествуваше на Светските првенства во 2002 и 2006 година. Помеѓу двата турнира успеа да ја покори Европа и да стигне до историскиот трофеј во 2004 година. На крајот во друштвото се приклучија и Италијанците.