Повеќе шпански спортски медуми пишуваат дека Реал Мадрид е заинтересиран за 20-годишниот аргентински талент Федерико Редондо, кој е син на легендарниот Фернандо Редондо кој во минатото играше за „кралскиот клуб“.

Цената на младиот аргентински фудбалер изнесува околу 15 милиони евра, а за неговите услуги се заинтересирани повеќе европски клубови, како Атлетико Мадрид, Ливерпул и Манчестер јунајтед.

Федерико во моментов го носи дресот на Аргентинос јуниорс за кој настапи на 58 натпревари во сите натпреварувања, а притоа постигна два гола и две асистенции.