Српскиот тенисер и светски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ првпат по 2018 година загуби меч во Австралија откако со 2-0 беше поразен од Алекс Де Минaур во Јунајтед купот.
Ѓоковиќ загуби со 6-4 и 6-4, но неговите фанови ги мачи нешто друго. Загрижени се поради повредата на зглобот на Србинот која доаѓа пред настапот на Австралија опен.
Новак синоќа го совлада чешкиот тенисер Лехечка, но во фокусот беше неговата повреда поради која двапати добиваше медицинска помош.
Проблемите се префрлија и на денешниот дуел каде немаше сили за триумф на Де Миаур. Тој ја прекина неверојатната серија на Ѓоковиќ од 43 победи по ред на терените во Австралија.
Сега останува да се види дали Ѓоковиќ ќе може комплетно да ја санира повредата до почетокот на Австралија опен.