Пред стартот на големото финале на Србија Опен, Новак Ѓоковиќ и Андреј Рубљов се погрижија за уникатна сцена на светиот празник Велигден, односно стандардната увертира пред натпреварите ја претворија во невиден спектакл.
Наместо традиционалното фрлање паричка за тоа кој ќе добие предност да бира страна или сервис, Новак и Андреј се кршеа со јајца во духот на големиот празник и со тоа изрежираа сцена за паметење.
https://twitter.com/primevideosport/status/1518204559788855296?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1518204559788855296%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Fnevidena-scena-vo-tenisot-namesto-da-se-frla-parichka-gjokovikj-i-rubljov-se-krshea-so-jajca-za-veligden-video%2F
Двајцата тенисери со насмевка на лицата го одработија овој нов тениски ритуал, кој во дадената ситуација му донесе повеќе среќа на Русинот.
Рубљов го победи Ноле во битката со јајцата на мрежата и ја избра страна на која ќе го чека почетниот удар на Србинот, а видеото од нивното дружење брзо стана вирален хит.