Кошаркарите на Денвер нагетс остануваат во „живот“ во плејофот во НБА, откако ноќеска, по голема борба, на домашен терен го совладаа Голден стејт вориорс (126-121) и намалија на 1-3 во воведната серија од доигрувањето во Западната конференција.

Никола Јокиќ уште една покажа дека во моментов е најдобар во најсилната лига на светот, завршувајќи ја средбата со 37 поени, осум скока и шест асистенции. Неговата доминација беше најдобро видена во првата четвртина, во која постигна 18 поени и во која во еден момент имаше повеќе поени од сите противнички кошаркари – заедно.

https://twitter.com/BleacherReport/status/1518358359287627776?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1518358359287627776%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Fkosarka%2F3919897%2Fdenver-nagets-golden-stejt-nba-plej-of-nikola-jokic-bjelica

Својата огромна спортска интелигенција ја искористи во клучните моменти, кога при водство на „Нагетси“ 123-121 ја „прочита“ акцијата на противникот и му помогна на соиграчот да ја украде топката, по што следуваше победничката тројка . Без разлика на овој резултат, „воините“ остануваат огромен фаворит за пласман во следната рунда, а втората меч-топка ќе ја имаат во ноќта помеѓу среда и четврток по македонски време, овој пат на домашен терен.