Никола Јокиќ, актуелниот МВП на најсилната лига, го предводеше Денвер во разбивањето на актуелниот НБА шампион Милвоки (136:130), но најмногу внимание привлече со неговиот потег на клупата. Само еден скок го делеше Јокиќ од 13-от сезонски трипл-дабл, а постигна 18 поени со дури 15 асистенции со што го израмни рекордот на сезоната. Бројките на Јокиќ е уште поимпресини бидејќи последната четвртина ја мина на клупата за резерви.

Таму направи потег кој стана хит. За време на тајм-аутот, помошникот на тренерот Мајкл Мелоун со помош на табла и фломастери им даваше инструкции на играчите, но Јокиќ решително го прекина. „Дај ми“, викна и ја зеде таблата за да нацрта акција за соиграчите.

https://twitter.com/nuggetstan11/status/1487998004879634433?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1487998004879634433%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fjokic-viknuo-daj-mi-to-uzeo-tablu-treneru-i-suigracima-crtao-akciju%2F2336246.aspx