Српскиот тенисер води со 11.015 бодови, пред финалистот во Мелбурн, Данил Медведев, кој има 10.125 бодови. Трет е Александер Зверев, пред Стефанос Циципас, а победата на Австралија опен не му донесе прогрес на Рафаел Надал, кој е петти со 6.875 бодови.

Матео Беретини имаше скок од една позиција на шестата на сметка на Андреј Рубљов, а најдобрите десет светски тенисери ги комплетираат Каспер Руд, Феликс Оже-Алиасим и Јаник Синер. Голем пад од 13 позиции доживеа Роџер Федерер, кој долго отсуствува од терените поради повреда, па сега е дури на 30-тото место на АТП-листата.

Победничката на Австралија опен, Ешли Барти останува на првото место кај тенисерките со 8.331 бод. Втора е Арина Сабаленка, а скок од едно место на третото имаше Арина Сабаленка. Ига Швјонтек напредуваше пет места и сега е четврта на ВТА-листата пред Каролина Плишкова, Паула Бадоса, Гарбиње Мугуруза, Мариа Сакари, Анет Контавеит и Даниел Колинс, која напредуваше дури 20 позиции и сега е во ТОП 10 светските тенисерки.