По двата неочекувани порази од Албанија, македонската одбојкарска репрезентација в среда во Скопје ја пречекува селекцијата на Романија. Лидерот во групата во Скопје доаѓа во улога на фаворит, но нашите репрезентативци веруваат во квалитетите и очекуваат втора победа.
„Мора да веруваме, ако сакаме да победиме. Главата горе, младите треба да добијат потполна доверба и полека да се вклопуваат во новиот тим. Романија има 14 одлични одбојкари, останува да видиме со кој тим ќе настапат во Скопје. Имаме анализа на нивната игра, таму можевме за малку да изненадиме, но се надевам дека во Скопје ќе бидеме подобри“, вели искусниот техничар на нашиот национален тим, Филип Деспотовски.
Романија по четири кола е со 100% ефект, четири победи, додека нашата репрезентација оствари само една на стартот на натпреварувањето.