Македонија денеска освои два медали на Медитеранските игри од кои златниот ни го донесе Магомедгаджи Нуров со неверојатен пресврт и мајсторски потег против Турчинот Фејзулах Актурк (4-3).
Актурк ја почна одлично борбата и водеше со 3-0, но Нуров потоа го покажа својот квалитет, па со мајсторски зафат во последните секунди успеа да се искачи на тронот во Алжир.