Манчестер Јунајтед го победи Евертон со 2-0 на „Олд Трафорд“ и се зацврсти на третата позиција со 56 бода. Тимот на Ерик Тен Хаг постигна два гола, а во првото полувреме не искористи уште неколку одлични шанси. Одличен бранеше голманот на Евертон, репрезентативецот Џордан Пикфорд.
Маркус Рашфорд и Ентони не погодија неколку зицери, а резултатот го отвори Скот Мектоминеј во 36.минута. Во вториот дел, Антони Марсијал зголеми на 2-0 во 71.минута од дуелот.