Амаду Хајдара му донесе минимална, но многу важна победа на РБ Лајпциг, за германскиот бундеслигаш да го освои Берлин против Херта со победата со 1-0 со што остана во Топ-4 позиции за Лигата на шампионите.
Хајдара погоди пет минути пред крајот на првиот дел за 14-та победа сезонава за „биковите“, а прв после мини-кризата со два порази. Лајпциг сега има 48 бода, бод повеќе од петтиот Фрајбург, а пет од Баер Леверкузен, додека Унион Берлин им бега три бода на третото место.
Херта, пак, со 15-от пораз остана трета одзади со 22 бода, три зад првиот во сигурната зона Хофенхајм во трката за опстанок.