Вечерашниот дуел беше со големи осцилации и на теренот и во резултатот, и факт е дека нашата репрезентација уште не е спремна за учество на СП. Украина набрзина направи разлика од 3-0.
Ние имавме голгетерски пост од цели седум минути, во кој примивме пет едноподруго и се дојдовме во негатива од 2-9 во 13. минута. На пет минути до крајот на полувремето, Украина поведе со 5-13, но со нешто подобра одбрана и помош од голманката Јована Мицевска на паузата резултатот беше 8-14.
Во вториот дел Мицевска одбрани пенал, имаше и уште еден одбранет зицер, Украинките почнаа да грешат, па негативата почна да се топи. Прво направивме серија од 3-0, потоа продолжи и до 5-1, за во 43. минута првпат на мечот да стигнеме до резултатски егал – 16-16.
До крајот се играше изедначено, но повторно пресудија нашите грешки. Украинките ги искористија за брзи голови од контра или на празна мрежа, па сочуваа плус два за реваншот во Кишварда, Унгарија, во вторник. Ристовска беше најефикасната, со осум гола, иако го заврши мечот во 56. минута, со црвен картон поради пенал изведен директно во главата на противничкиот голман. Три постигна Моника Јанеска, а шест одбрани имаше Мицевска.