ПСЖ без оглед на прескапиот тим и многуте ѕвезди, сезонава се мачи во француското првенство, а Аргентинецот им покажа на сите критичари дека овој тим сепак не може без него.
На средина од првиот дел, Меси даде гол за водство во 26-та минута на асистенција на Нуњо Мендеш, а потоа му асистираше на Серхио Рамос во 76-та за втор гол и заверување на победата. ПСЖ сега има плус шест од Ланс, а девет со меч повеќе од Олимпик Марсеј на осум кола до крајот на сезоната.