Аргентинскиот напаѓач Анхел Ди Марија уште еднаш ја покажа својата висока класа, бидејќи даде гол директно од корнер за неговата Бенфика во последната рунда од групната фаза од Лигата на шампионите.
Левоногиот фудбалер на Бенфика изведе корнер и пласира директно во мрежата на ривалот. Бурно го прослави погодокот, а честитки пристигнаа од сите страни за ремек-делото кое сигурно ќе конкурира за гол на групната фаза во Лигата на шампионите.
Бенфика го совлада Салзбург со 3-1 на гостински терен и се пласира на трето место во групата кое води во Лигата на Европа.