Претседателот на Барса, Лапорта, изјави дека целосно го поддржува тренерот Чави Хернандез. Во неделата, шампионот беше поразен со 2-4 од Џирона на домашен терен и сега е на седум бода од врвот во Ла Лига.
Барселона игра променливо и несигурно во оваа сезона и секој пораз, лоша партија носи критики за тренерот Чави Ернандес, поточно се зголемува притисокот врз него со тоа што веќе некои медиуми почнаа да говорат и за негова смена, односно посочувајќи имиња кои би можеле да го заменат.
Имено Чави за денешниот меч против Антверпен во ЛШ одлучи да не смета на Илкај Гундоган, Роберт Левандовски, Френки Де Јонг и Роналдо Араухо, односно овие четворица не се најдоа на првичниот список кој го објави клубот за патувањето во Белгија.
Во последен момент дојде до промена, па Левандовски, Гундоган и Араухо отпатуваа со екипата, додека Френки поради болест остана во Барселона.
Според RAC 1 ова е поради барањето на Лапорта сите играчи да бидат вклучени во тимот, но и покрај тоа што навистина се случи тешко дека оваа „тројка“ вечерва ќе добие минути на теренот.