Манчестер Сити подобро го започна натпреварот, избраниците на Пеп Гвардиола имаа посед на топката и создаваа шанси, имаа неколку обиди по голот на Куртоа кои завршија неуспешено.

Реал Мадрид беше повлечен, се обидуваше од контра напади, и при еден таков брз напад во 36. минута кои го почнаа Камавинга и Модриќ, Винисиус го заврши со прекрасен гол од далечина за водство на кралскиот клуб од 1-0.
<https://youtu.be/vzZYIybqQ4wdiv class=”media_embed”>

https://youtu.be/vzZYIybqQ4w

Во вториот дел ситуацијата беше спротивна, Реал Мадрид тргна поодлучно кон голот на Манчестер Сити, создаде неколку шанси за да го зголеми водството, но се случи спротивното.

Во 67. минута од натпреварот Де Брујне од далечина испрати силен проектил кон голот на Реал Мадрид, и Куртоа беше немоќен, Манчестер Сити израмни на 1-1.
<https://youtu.be/b5o-hbUda-Udiv class=”media_embed”>

https://youtu.be/b5o-hbUda-U

До крајот на натпреварот Реал Мадрид беше поконкретен, Бензема имаше убава шанса со глава, а Чуамени можеше да постигне спектакуларен гол од далечина, но Едерсон одлично одбрани.

Конечниот резултат остана 1-1, пласманот во финалето ќе се решава на Итихад стадионот во Манчестер.