Винисиус Жуниор првпат во кариерата во Лигата на шампионите даде гол со шут надвор од 16-никот, и му донесе предност на Реал Мадрид од 1-0 против Манчестер сити во првото полуфинале.

Голот на Винисиус погледнете го ТУКА.

Гостите од Англија доминираа со голем посед на топка и многу додавања, но не создадоа многу шанси. Реал од првиот шут даде гол и на одмор оди со минимална, но значајна предност.