Десетти пат едноподруго или вкупно 32 титула во својата клупска историја, Баерн е шампион на Германија. Баварците на три кола пред крајот, дојдоа до недостижна предност од 12 бода во однос на најлутиот ривал Борусија (Д), откако денес токму во популарното „Дер Класикер“ дерби славеа над „милионерите“ со 3:1.
Во директна пресметка, тимот на Јулијан Нагелсман потврди дека и оваа сезона во германската Бундес лига се без сериозна конкуренција. Баерн денеска поведе со голот на Гнабри во 15. минута, а Левандовски во 34. веќе зголеми на 2:0.
Со голот на Емре Џан од пенал во 52. минута гостите успеаја да намалат на 2:1 , но домаќинот со голот на Мусиала во 84. минута стави печат на победата и на шампионската круна.