Лондонски Арсенал триумфираше со 2-1 против Нотингем Форест во првото коло од новата сезона во Премиерлигата, а натпреварот го одбележа прекрасниот гол на Букајо Сака.
Актуелниот вицепрвак ја скрши одбраната на Нотингем за првпат во 26. минута преку Еди Нкетија, а водството на „топчиите“ го зголеми Сака со прекрасен гол во 32. минута.
Фудбалерите на Микел Артета го контролираа мечот и во вторите 45 минути, меѓутоа Нотингем преку Таиво Авонији намали на 1-2 и ја врати неизвесноста.
„Топчиите“ во финишот успеаа да го затворат пристапот до својот гол и го зачуваа водството од 2-1 за три бода и да ја почнат сезоната со триумф.
Премиерлигата почна вчера со победа на Манчестер сити од 3-0 против Барнли.