Брајтон убедливо ја почна новата сезона во Премиер лигата, откако убедливо, го совлада новиот член на англиската елита, тимот на Лутон (4-1).

Лутон на „Амекс“ долго беше рамноправен и имаше свои шанси, меѓутоа на крајот физички падна. Првиот дел понуди погодок на Марш за водство на домашните, а до завршните 20 минути од натпреварот мрежите на двата тима мируваа. Тогаш екипите добија по еден пенал, а сигурни од 11 метри беа Жоао Педро и Морис, додека до крајот за „галебите“ погодија уште Адингра и Фергусон.

 

Фудбалерите на Фулам направија изненадување на гостувањето кај Евертон (1-0), а човек на одлука беше Де Кордова Реид кој погоди во 73. минута. На останатите терени попладнево, Борнмут и Вест Хем одиграа нерешено (1-1), додека Кристал Палас славеше на гости кај повратникот Шефилд Јунајтед (1-0).