Кошаркарите на Македонија со пораз го започнаа настапот на претквалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Париз 2024 година.
Македонија е поразена од селекцијата на Израел со 65:86 во првото коло на турнирот кој се игра во Талин, Естонија.
Израел поведе со 14:16 и водството не го испушти до крајот на дуелот.
Првата четвртина заврши со пет поени негатива на Македонија (19:24), а втората четвртина започна со две тројки на Израелците со кои дојдоа до двоцифрена предност (19:30).
До паузата, предводени од Ти Џеј Шортс, успеавме да ја намалиме негативата на девет поени (38:47). Дилемите околу повбедникот беа решени во третата четвртина во која Израел направи 19 поени предност. На крајот, Израел славеше со 65:86.
Најпрецизен кај Македонија беше Ти Џеј Шортс со 22 поени, девет даде Војдан Стојановски, а седум Дамјан Робев. Кај Израелците, Роман Соркин со 21 и Јифтах Зив со 18 поени беа најдобри.
Македонија следниот натпревар ќе го игра утре против домаќинот на турнирот, Естонија, која денеска загуби од Чешка со 77:74. ТВ пренос можете да гледате од 18 часот на Канал-5.