Кугарс славеа против Ајдахо со 84-59 предводени од нашиот кошаркар кој одигра еден од своите најефикасни натпревари во кариерата. За 33 минути во игра, Јакимовски постигна 21 поен со шут од игра 8/16 (3/8 за тројка) и додаде уште четири скока и две асистенции. Далеку зад него останаа Рајс и Џонс со по 13 поени, додека најдобриот стрелец на противничката екипа реализира 12.
Вашингтон Стејт многу подобро го почна натпреварот, отвори со 18-2 и тоа беше главната причина за убедливата победа.
Јакимовски ја почнува својата сениорска сезона во НЦАА и аналитичарите во САД од него очекуваат да биде лидер на Вашингто Стејт Универзитетот и да забележи најдобри бројки во кариерата. И стручниот штаб на екипата има големи надежи од Јакимовски.