Шахтјор Доњецк го приреди изненадувањето на денот со триумфот над Барселона (1-0) во рамки на четвртата рунда во ЛШ, со што ги задржа шансите за пласман во следната фаза од елитното натпреварување.

Украинскиот првак ѝ го нанесе првиот пораз на Барселона во ЛШ и го забележа вториот триумф, со што на табелата се израмни со Порто, кој вечерва игра со аутсајдерот Антверпен од Белгија. Шахтјор беше целосно рамноправен во Хамбург, па трите бода против фаворитот се заслужени.

https://twitter.com/i/status/1721971657294676052

Голот на Шахтјор беше најсериозната можност во првиот дел која домаќинот ја искористи. Во 40. минута, Гочолеишвили го проигра Данило Сикан, а тој со удар со глава го совлада Тер Штеген. Играчот на Шахтјор прослави во стилот на Џуд Белингем од Реал Мадрид.

Во второто полувреме Чави се обиде да ја освежи играта, ги внесе во игра Педри, Жоао Феликс, Јамал, Балде… но немаше ефект. Пред крајот на мечот Шахтјор бараше пенал, ама не го доби, исто така беше поништен и гол на Невертон во 87. минута за 2-0.

Шахтјор во следната фаза игра против Антверпен, додека Барселона ја чека дуел со Порто.

 

Барселона остнаува на првата позиција со девет бодови, девет има и Порто по триумфот над Антверп од 2-0, Шахтјор има шест, а без бодови е Антверпен.