Пари Сен Жермен ќе биде без Килијан Мбапе на утрешниот дуел од Суперкупот на Франција против Нант. Напаѓачот е суспендиран и затоа не е во составот на ПСЖ за натпреварот.
ПСЖ и Нант утре ќе се соочат на стадионот „Блумфилд“ во Тел Авив. Парижаните го кренаа трофејот во девет од последните 10 години.
Тренерот Кристоф Галтие, исто така, за овој меч ги изостави и новото засилување Хуго Екитике, како и Џорџино Вајналдум, кој се очекува да го напушти „Паркот на принцовите“. Меѓу повиканите фусбалери се најде најновото засилување, Норди Мукиеле.