Германски Спорт1 носи одлична статија за напаѓачот кој го нарекуваат иднината на баварскиот гигант. Видовиќ наскоро би можел да добие посериозна шанса, а клубот има јасен план за неговата кариера во следните неколку години.
Германците наведуваат дека Видовиќ заедно со Пол Ванер важи за најголемиот талент на Баерн. Во случај Баерн да ја совлада Борусија Дортмунд во текот на викендот и со тоа да биде чекор поблиску до одбрана на титулата, пишува Спорт1, Видовиќ ќе добие уште многу можности за настап во сезоната.
Нагелсман е воодушевен од него и рече дека е неверојатен играч“, се вели во текстот. Напоменуваат дека Барселона е заинтересирана за Видовиќ, на чиј радар се најде по одличните настапи за вториот тим на Баерн.
Германците веќе имаат детален план за нивниот голем талент во клубот, а напоменуваат дека Видовиќ на лето ќе потпише вистински професионален договор со Баерн.
Не се очекува веднаш да заигра за германскиот шампион, туку ќе го испрати на позајмица. Најверојатно е да оди во една од двете развојни лиги – холандската или белгиската.
За потсетување, Кикер веќе најави дека би можел да игра за германската репрезентација. Бидејќи е роден во Аугсбург, има германско државјанство и нема бирократски пречки за таков потег.