Страшни сцени се случуваа на фудбалски натпревар во Ел Салвадор. Загинаа најмалку 12 луѓе во навивачко стампедо на натпреварот од плејофот меѓу екипите на Алинаса и ФАС.

Трагедијата се случила откако фановите на Алинаса се обиделе преку два влеза да дојдат на трибините на стадионот.

Многу од навивачи спасот се обиделе да го најдат влегувајќи на теренот, па навтпреварот беше прекинат.
Има информации дека голем дел од навивачите имале лажни билети со кои сакале да влезат на трибините.