Баерн Минхен славеше со 2-1 против Фрајбург и така им избега на ривалите на табелата во Бундеслигата.

Германскиот гигант поведе со голот на Горецка во 30. минута од мечот, по што водството го дуплираше Левандовски во 75. минута.

Единствениот погодок за Фрајбург го постигна Хаберер во 92. минута, кога ги постави конечните 1-2.