Роберт Левандовски со Полска успеа да обезбеди пласман на ЕП откако неговиот национален тим славеше на пенали против Велс.
Во последните недели, не престануваат и шпекулациите околу иднината на Левандовски во Барселона. напаѓачот се поврзува со можно заминување, меѓутоа тој самиот истакна дека нема намера да ја напушти Барселона ова лето.
Тој не планира трансфер во оваа фаза иако за него има сериозен интерес од неколку клубови од Саудиска Арабија и од некои екипи од Европа.
Атлетико Мадрид исто така ја следи ситуацијата околу Полјакот. Левандовски оваа сезона има 13 гола и осум асистенции во Ла Лига, а неговиот договор е до 2026 година.