Дејан Кулушевски од Јувентус се пресели на островот во Тотенхем и покажа дека е вистинско засилување за лондонскиот тим. Репрезентативецот на Шведска со македонско потекло има три гола и шест асистенции во досега 11 одиграните натпревари во англиското првенство.
Сите шест асистенции за гол ги имаше во деветте средби на кои започнуваше како стартер. Ако Кулушевски биде стартер и на мечот против Брајтон и успее да направи асистенција, ќе биде првиот фудбалер во историјата на Премиер лигата кој имал дури седум асистенции за погодок во првите 10 дуели на кои бил стартер.
Откако Кулушевски дојде во Тотенхем, тимот игра многу подобро и моментно е во борба за четврата позиција на табелата, која е последна што води во Лигата на шампиони за следната година.