Во рамките од 28. коло во елитната лига на Унгарија Македонецот уште еднаш покажа дека е во врвна форма и беше стрелец против Ѓирмот.
Доријан мечот го започна од првата минута, а голот го постигна во 86-тата за конечни 3:1. Во второто полувреме кај Дебрецен во игра влезе и Давид Бабунски, додека Матеј Цветановски ги одигра последните 30 минути во редовите на Ѓирмот.
За Доријан овој гол беше четврти во сезоната.