Се споменува заминување дури на десет фудбалери од сегашниот состав, а челниците на клубот во македонскиот репрезентативец гледаат квалитет за враќање кон врвот од шпанската елита и борбата за излез во Европа. Селта уште во јануари стапила во контакт со челниците на Леванте, чиј фудбалер е Македонецот, за негов евентуален трансфер при евентуално испаѓање, што и се случи.
Барди е проценет на околу 5,5 милиони евра, сума која не би била проблем за тимот од Виго, со оглед што би добиле фудбалер кој добро ја познава Ла Лига, зборува шпански и кому не би му требало време за адаптација на новата средина, а згора на тоа има само 26 години. Селта е третиот шпански клуб кој изминативе денови пројави интерес за македонскиот репрезентативец, откако претходно тоа го направија Валенсија и новакот во елитата, Алмерија.