Се одигра десеттото коло од Првата Македонска фудбалска лига . Во дербито кое се играше во Струмица,  Академија Пандев со пресврт (2-1)савеше против актуелниот првак Шкендија со двата гола на Мартин Мирчевски. Тетовци имаа водство со голот на Љупчо Дориев во 17.минута, но пресвртот се случи во финишот, откако Шкендија не искористи неколку изгледни можности.Во 77.минута, Мартин Мирчевски од десетина метри ја искористи повратната топка и го матираше Костадинов Захов, а во 87.минута постигна прекрасен гол со глава по центрашутот од десната страна.

Шкупи го совлада Тиквеш во Кавадарци со 0-1 и се зацврсти на првата позиција на табелата во Првата фудбалска лига. Дефанзивецот Абдул Руатубјаје во 30.минута беше стрелец на победничкиот гол за тимот од Чаир.

 

Ренова  го победи Пелистер во Тетово со 2-0 и  сочува второто место. Ремзифаик Селмани во 61.минута го отвори резултатот од пенал, а Шефит Шефити во 72.минута го потврди триумфот. Пелистер од 60.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Дарко Размоски.

Брегалница ја декласира Македонија ЃП со 4-1. Штипјани почнаа фуриозно и постигнаа три гола во првиот дел. Ескиќ донесе предност во 16.минута, Алтипармаковски зголеми на 2-0 во 27.минута, а Мартин Стојанов постигна гол од пенал непосредно пред одморот.

Абу Камара во 70.минута намали на 3-1, но Марјан Алтипармаковски со вториот свој гол го постави конечниот епилог, 4-1.

Струга Трим Лум повторно не успеа да победи. Крај езерото Борец успеа да освои бод играјќи 1-1, иако од 50.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Кристијан Николовски. Клисман Цаке во деветтата минута донесе предност за Струга ТЛ, но израмни Енсар Љума во 82.минута од дуелот.

Вчера, Скопје оствари победа (0-1) на гости против Работнички. Марио Станковски, напаѓачот на Работнички си постигна автогол.

ПРВА ЛИГА, 10.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА 2-1 (Mирчевски 77 , 87 ; Дориев 17 )

БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 4-1 (Ескиќ 16 , Алтипармаковски 27,79  Стојанов 45 ; Kамара 70)

РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР 2-0 (Селмани 61 , Шефити 72 )

ТИКВЕШ – ШКУПИ 0-1 (Руатубјаје 30 )

СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ 1-1 (Цаке 9 ; Љума 82 )

ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 0-1 (Станковски а.г. 56)