Кварацхелија има импресивен старт со шест гола и пет асистенции во 12 меча во Серија А, што значи дека директно учествувал со погодок или завршно додавање во 11 меча. Вчера во убедливата победа со 4-0, двапати му асистираше во првите 20 минути на Виктор Осимен, а потоа даде гол против Сасуоло.
Подобар старт во една сезона во Калчото од Грузиецот има Милито, кој во 2010 година со Интер ќе освои „триплета“ во својата прва сезона во Џенова (2004/05) кога учествувал директно во 15 гола во првите 12 меча, а Роналдо по доаѓањето во Јувентус во летото 2018 година, по првите 12 меча успеал да даде 13 гола (без асистенции).
Грузиецот во ЛШ има два гола и три асистенции во четири меча, па севкупно неговиот ефект е импресивен за само три месеци во Неапол – на 16 меча учинок од осум гола и девет асистенции. Многу близу е веќе да дојде до „дабл-дабл“ до паузата за светското првенство во Катар.