Де Брујне синоќа даде гол и имаше две асистенции во победата на Манчестер Сити во Копенхаген од 3-1.
„Кевин де Брујне станува подобар, како добро вино! Тој можеби е Брунело ди Монталчино или Сасичиа“, вели Гвардиола.
„Се врати многу свеж и во телото и во умот. Неговиот придонес секогаш е посебен, Кевин е посебен“.
Асистенцијата „со очи“ на Де Брујне против Копенхаген по која Фоден го постигна третиот гол за Сити.
Сити со оваа победа е речиси пред пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите, каде поблиску е и Реал Мадрид со победата на гости кај РБ Лајпциг.