Шеикот преку Твитер му се закани на Покетино поради замената на Меси .
Бурата создадена од замената на Лионел Меси во 73. минута од натпреварот помеѓу ПСЖ и Олимпик Лион не се смирува.
Аргентинскиот фудбалер беше лут на тренерот Маурисио Покетино бидејќи го извади од игра, па одби да му подаде рака.
Иако никој од клубот официјално не зборуваше за овој „инцидент“ освен Покетино, тоа го направи на социјалните мрежи Халид бин Хамад бин Калифа Ал-Тани, братот на сопственикот на клубот Тамим бин Хамад Ал-Тани.
Калид Ал-Тани беше првиот што го „официјализираше“ доаѓањето на Меси во ПСЖ со објава на Твитер, а потоа го „испровоцира“ Реал Мадрид откако „кралскиот“ клуб не успеа да го донесе Килијан Мбапе од Париз.