Сенегал избори пласман на Мундијалот во Катар со елиминацијата на Египет, а реваншот изобилуваше со инциденти за кои Сенегалците беа казнети .
Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) го казни Сенегал со еден натпревар без присуство на публика и 175.000 швајцарски франци поради инцидентот на реванш натпреварот од баражот за Светското првенство против Египет на 29 март во Дакар.
Сенегал избори пласман на Светското првенство во Катар од 21 ноември до 18 декември, победувајќи го Египет со подобар учинок по изведувањето пенали, но за време на натпреварот беа прекршени голем број безбедносни правила. ФИФА наведува дека казната е изречена за фрлање разни предмети на тревникот, употреба на ласери од трибините за одвлекување на вниманието на гостинските играчи и фрлање димни бомби, а забележан е и еден „навредлив“ транспарент.
ФИФА го казни и Алжир, но само 3.000 франци, поради пропуст во организацијата на реваншот против Камерун, кој исто така се одигра на 29 март, во Блида. На тој натпревар Камерун се пласира на Светското првенство со гол во четвртата минута од продолжението.