Јувентус во судиското продолжение спаси бод во Торино на дуелот против Болоња играјќи 1-1. Гостите останаа со деветмина фудбалери откако беа исклучени Гари Медел и Адама Сумаоро во 84.минута, а Душан Влаховиќ погоди за израмнување на резултатот.
Болоња имаше водство од 52.минута кога Марко Арнаутовиќ ја затресе мрежата на „старата дама“.