Резултатот беше отворен рано по само девет минути игра. Траунер одлично реагираше на нафрлувањето на Мвене и со глава го матираше Шчесни.
Австрија создаде повеќе прилики за гол, а кога не ги искористи стигна казната на спротивната страна. Криштоф Пјонтек најдобро се снајде во петерецот и го израмни резултатот.
Со по еден гол на двете страни се замина и на паузата. Во второто полувреме Австрија беше се подобра, а Полска како да не можеше да го издржи темпото.
Ново водство донесе Баумгатнер во 66. минута, а точка на натпреварот стави Арнаутовиќ од пенал кој претходно го изнуди Сабицер. На табелата во групата „Д“ Австрија има три бода колку што имаат и Франција и Холандија кои својот натпревар го играат вечерва. Полска е последна без бодови.
Во последното коло Полска ја чека натпревар против Франција, додека Австрија игра против Холандија.