Шранц погоди за водство на Словачка во 17. минута, по што неговите соиграчи имаа уште неколку извонредни шанси, но Украина го издржа притисокот.
Во второто полувреме Украина се разигра и во 54. минута преку Шапаренко израмни на 1-1, додека голот за пресврт и победа го постигна Јаремчук во 80. минута.
Романија, Украина и Словачка имаат по три бодови во групата Е, додека Белгија е без освоен бод.