Фудбалерите на Алавес забележаа значајна победа во борбата за опстанок во Ла Лига. Во 32.коло, Алавес го победи Рајо Ваљекано со 1:0.

Рајо е единствената екипа во Шпанија без победа во 2022 година. Во Виторија го забележаа 15.пораз во сезоната. Рајо сега се 14. на табелата со 34 бода, Алавес се претпоследни со 25 бода, четири помалку од безбедната зона.

Алавес единствениот гол го постигна во 64.минута. Димитриевски лошо реагираше по ударот на Хоселу од 30 метри.