Партизан имаше за императив победа над Црвена Звезда во вечното дерби за да го преземе лидерското место на табелата. Денеска може да жали што не победи зашто младиот Никола Терзиќ во првиот дел промаши колосална шанса која можеби до крајот ќе ги чини црно-белите и шампионска круна.
Младиот Терзиќ на празен гол неочекувано упати непрезицен удар, иако мрежата беше празна после асистенцијата на Родриго. Таа шанса беше најголема за Партизан кој имаше повеќе удари кон голот на ривалот, поголем посед, повеќе додавања, но сѐ беше залудно.
Ц. Звезда успеа да одолее на секој напад, Милан Борјан одбрани сѐ што шутнаа кон неговиот гол, а нападот на црвено-белите денеска беше стерилен и не влезе во ниту една шанса за евентуално да дојде до победа и да направи голем исчекор кон шампионската титула.
Српскиот првак Ц. Звезда по 31 коло има 82 бода, а Партизан е втор со 80, а до крајот на сезоната има уште шест кола. Во следното коло, црвено-белите гостуваат кај ТСЦ во Бачка Топола, додека Партизан го чека Чукарички, во вонредното коло во среда.