Хрватските ракометари ја оправдаа улогата на фаворити и со две убедливи победи против Финска се пласираа на Светското првенство кое од 11 до 29 јануари 2023 година ќе се одржи во Шведска и Полска.
Хрватска пред три дена практично успеа да го завери билетот за Мундијалот со победа на гости(34:21), а Вараждин ја заврши формалноста и со убедлива победа од 36-22 (18:10) го потврди пласманот во 15. последователно Светско првенство.
Тоа беше натпревар во кој прашањето за победникот никогаш не беше доведено во прашање, сите добија шанса, па дури 13 хрватски играчи се запишаа меѓу стрелците.
Хрватска на полувреме веќе имаше осум гола разлика (18:10), а потоа само ја зголемуваше предноста.
Хрватска никогаш не пропуштила место на Светското првенство откако за прв пат заигра на првенството во Исланд во 1995 година. И веднаш во своето деби се закити со сребрен медал.
Потоа пристигнаа уште четири медали – еден златен (Португалија 2003), два сребрени (Тунис 2005, Хрватска 2009) и бронзени (Шпанија 2013).
Утре очекуваме и Македонија со победа над Чешка да се приклучи на патниците кои до сега заверија виза за Светското првенство.
На Светското првенство кое е закажано од 11 до 29 јануари 2023 година ќе настапат 32 репрезентации, а пласман веќе го обезбедија домаќинот Полска и Шведска, светските шампиони Данска и Франција, Шпанија, Норвешка, Белгија, Бахреин, Катар, Иран, Саудиска Арабија, Аргентина, Уругвај, Бразил, Чиле и Јужна Кореја.