Ракометните кадети минимално загубија од Швајцарија, но ЕП сѐ уште им е на дофат! Македонската репрезентација за ракометари до 18 години во вториот меч во квалификациите за ЕП денес загубија минимално во пресметката со Швајцарија (25-26), но и покрај тоа останаа со реални шанси за пласман на континенталниот собир во Црна Гора.
Ова беше пресметка за првото место во групата, но и второто, кое ни е на дофат, ќе ги одведе нашите таленти во друштво на најдобрите во Европа. Денешниот дуел беше неизвесен до самиот крај, а најефикасни во македонскиот тим беше Митев со шест, и Ристевски и Пецаноски со по пет голови.
За остварување на целта ни треба било каква победа утре против Косово (сала „Автокоманда“ во Скопје, почеток 15 часот), што и не треба да биде преголем проблем со оглед што оваа селекција претрпе (пре)убедливи порази во првите два меча во квалификациите.