Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ за малку ќе беше голем трагичар на Интер на дуелот против Верона, поради промашувањето во финишот од мечот.

По едно нафрлување во противничкиот шеснаесетник, топката дојде до втората статива каде што се наоѓаше искусниот напаѓач, но тој, место да ја спроведе во мрежата, отиде пред неа и не успеа во својата намера.

https://twitter.com/i/status/1743620787171451176

Арнаутовиќ не само што тој не постигна гол, туку впечаток е дека ако ја оставеше топката, таа ќе завршеше зад линијата што значи дека во оваа ситуација го спаси противничкиот тим.